Антетокуомпо незапирлив, Вестбрук со „трипл-дабл“, Дејвис броеше до 43!

Њу Орлеанс славеше против Оклахома додека Милвоки беше подобар од Њујорк во најинтересните натпревари од синоќешната програма во НБА лигата.

Во неизвесен меч до последните секунди, Милвоки го победи Њујорк со 92-90, благодарение на поените на Антетокуомпо во последната секунда.

Јанис беше најдобар во својот тим со 29 поени и 11 скока, а кај Њујорк се издвои Порзингис со 17 поени.

Дејвис постигна 43 поени во победата на Њу Орлеанс од 100-114 на гостувањето против Оклахома, во меч во кој Расел Вестбрук повторно запиша „трипл-дабл“.

Интересно беше и во „Фарго центарот“ каде Филаделфија славеше против Мајами со 103-97 благодарение на Вен Симонс со 20 поени. Во победничката екипа Шариќ запиша 17 поени и 10 скока, а Џоел Ембид имаше 17 поени и 8 скока.

Јута славеше на гостувањето против Феникс со 97-129.

Се вчитува...