Искусниот Мајкл Антонио на 36-годишна возраст се врати на фудбалот, две години по страшната сообраќајна несреќа во која екс-голгетерот на Вест Хем едвај спаси жива глава.
Антонио со своето Ферари удри директно во дрво во Епинг Форест, остана заробен во автомобилот, а бедрената коска му беше скршена на четири места. Хирурзите тогаш одбија да дадат прогноза дали репрезентативецот на Јамајка ќе може повторно да заигра фудбал, но Антонио работеше напорно на својата рехабилитација и успеа да осигура нов трансфер.
Ватфорд е новиот клуб на искусниот голгетер, откако Антонио ги мина последните неколку седмици на проба, успевајќи да го убеди стручниот штаб да му понуди договор. Клубот од Чемпионшип-дивизијата денеска го официјализираше потписот на големиот ас, кој ќе треба да помогне тимот да се разбуди од слабиот старт на сезоната. Ватфорд по шест одиграни кола има само осум бодови и моментно се наоѓа на 12. место на табелата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
