Антовски: Наше е да дадеме максимум за победа во Израел

Младата репрезентација на Македонија ги продолжува подготовките во Скопје пред утрешното заминување за Израел каде избраниците на Благоја Милевски ги очекува претпоследниот натпревар во квалификациите за пласман на ЕП.

Дефанзивецот на Славија Софија, Филип Антовски е убеден дека Македонија може на позитивен начин да ги заврши квалификациите, со освојување на второто место во групата, иако ќе биде тешко, согласно бодовното салдо, да се обезбеди пласман на ЕП.

„Ние секако ќе го дадеме максимумот во желбата со две победи да го завршиме циклусот. Очекувам да ги поправиме грешките од првиот натпревар со Израелците, и сега позрело ќе влеземе во натпреварот. Посакуваме шест бода од двата натпревари. Наше е да дадеме се од себе на терен и да не размислувуваме премногу, да не калкулираме и да одиме на победи“ – вели Антовски.

Дуелот со Израелците е на 12. ноември, а потоа надежите на 17. ноември ги очекува и натпреварот со Црна Гора во Скопје.

Се вчитува...