АО: Димитров не се шегува, Сепи го доби маратинот со Карловиќ

Бугаринот Григор Димитров успеа да се пласира во четвртото коло на Грандслем турнирот во Мелбурн, откако во четири сета го совлада Русинот Андреј Рубљов.

Димитров славеше со 6-3,4-6,6-4,6-4, па во следното коло ќе го чека подобриот од мечот меѓу Австралиецот Ник Кирјос и Французинот Жо Вилфред Цонга.

Италијанецот Сепи и Хрватот Иво Карловиќ го одигра маратонот на денот на Австралија Опен. Сепи победи по 3 часа и 56 минути игра, во пет сета со 6-3,7-6,6-7,6-7 и 9-7.

И Аргентинецот Шварцман успеа да се пласира во следната рунда натпреари откако го победи Украинецот Долгополов.

Шпанецот Пабло Кареео Буста запиша победа против Жил Милер од Луксембург со 7-6,4-6,7-5,7-5. На Милер не му помогнаа ниту 40 аса.

Се вчитува...