Новак Ѓоковиќ се пласираше во 3. коло на Австралија опен, откако во крајно тешки временски услови во Мелбурн го победи Гаел Монфилс со 4-6,6-3,6-1,6-3.
Од средината на вториот сет тргна вистинско мачење на теренот, пред се за Монфилс кој никако не можеше да се опорави од големите жештини. Во ладовина беше 39 степени, додека температурата на теренот за игра стигна и до неверојатни 68 степени Целзиусови.
Во една таква ситуација Ѓоковиќ, сепак, се снајде многу подобро и стигна до победата.
Во следното коло Ѓоковиќ ќе игра против Роберт Рамос-Вињолас кој во три сета беше подобар од Томаш Смичек.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА