АО: Кирјос од 2-5 во „тај-брејк“ до осминафинале, победи на Чилиќ и Вознијацки

Австралиецот со грчко потекло, Ник Кирјос се пласираше во осминафиналето на Австралија Опне, откако во извонреден меч го победи Жо Вилфред Цонга со 7-6,4-6,7-6,7-6.

Французинот и тоа како има за што да жали затоа што во тај-брејкот во четвртиот сет имаше големи 5-2, но успеа да дозволи противникот да освои пет поени во низа и да стигне до победа.

Кирјос во осминафиналето ќе игра со Бугаринот Григор Димитров.

Пласман понатаму обезбеди и Марин Чилиќ. Хрватот продолжи со доминацијата на турнирот победувајќи го Американецот Харисон во три сета, 7-6,6-3,7-6.

На женскиот турнир Каролина Вознијацки славеше против Бертенс од Холандија со 6-4,6-3.

Се вчитува...