Араухо го дотолчи Симеоне – Барса на полувреме со голема предност против Атлетико (ВИДЕО)

Барселона го одигра најдоброто полувреме сезонава откако по првите 45. минути во дербито на 23. коло во Ла лига има предност против големиот ривал Атлетико Мадрид со 3-1. Гостите поведоа со голот на Караско уште во осмата минута со 0-1, па како да ги налутија Каталонците.

Прво Алба со голот на годината израмни на 1-1. Гави ги донесе домаќините до водство од 2-1, додека солидна позитива од 3-1 по 45. минути донесе Араухо.

Се вчитува...