Араухо најпрво го понижи Еспањол, а потоа се извини

Стоперот на Барселона, Роналд Араухо за време на вчерашното градско дерби со Еспањол, го понижи градскиот ривал покажувајќи два прста, како знак дека местото на тимот му е во Сегунда.

Ова наиде на многу реакции од страна на навивачите на Еспањол, а денеска Араухо се извини за својот непромислен потег.

„Сакам да им се извинам на сите луѓе во Еспањол за мојот лош гест. Тоа се случи како резултат на тензијата за време на дербито. Ги почитувам противниците и клубовите и не сум горд за тоа што го направив“, напиша Араухо на социјалните мрежи.

Натпреварот меѓу Еспањол и Барселона беше со голема тензија, на крајот Барса во 96. минута успеа да израмни и да дојде до 2-2.

Се вчитува...