Арбелоа нуди 60 милиони евра за играч што му беше резерва во Реал Мадрид

Алваро Арбелоа ги почна подготовките со Фулам, но новиот тренер не крие дека очекува да му бидат донесени засилувања за со лондонскиот клуб да се бори за што подобар пласман во новата премиерлигашка сезона.

На врвот на листата со желби на шпанскиот стратег е Гонзало Гарсија, шпанскиот голгетер од Реал Мадрид кому Арбелоа му беше тренер во вториот дел од ланската сезона. Тој важеше за „вечна резерва“ во Реал, премногу ретко добиваше шанса, но шпанскиот стручњак е убеден дека токму Гонзало е она што му треба во Фулам и подготвен е да плати богатство за неговиот трансфер.

Англиските медиуми јавуваат дека лондонскиот клуб понудил огромни 60 милиони евра, сума што Реал се подготвува да ја прифати. Жозе Мурињо сакаше да го задржи Гонзало како резервна опција во нападот, но на „специјалниот“ му е јасно дека висината на понудата е огромна и Реал потоа тие пари може да ги искористи за нови засилувања во тимот.

Aрбелоа пристигна летово во Фулам на местото на Марко Силва, управата на клубот е согласна да му ја исполни оваа желба, но ќе биде интересно да се види како Гонзало Гарсија ќе се снајде во Премиер-лигата.

Се вчитува...