Арда Туран: Документите испаднаа од актовката и го видов трансферот во Барселона

Контроверзен и импулсивен, но дефинитивно и најдобар турски фудбалер во изминатите две децении. Арда Туран се уште е под договор со Барселона, ќе стане слободен агент на 30 јуни и најверојатно ќе го избере Галатасарај за нов клуб, а 33-годишниот играч за врска откри интересен детал, како на неверојатен начин дознал дека негова следна дестинација ќе биде „Камп Ноу“.

„Мојот менаџер Ахмет Булут не ми кажа дека договор со Барселона е заверен. За тоа дознав дури по 15 дена. Мислев дека ќе одам во Баерн Минхен, психички бев подготвен за заминување во Германија. Дури и не се нервирав поради тоа, затоа што една година претходно ми пропадна трансфер во Манчестер Јунајтед“, раскажува Арда Туран за турските медиуми.

Но, паднал документ од актовката на неговиот агент…

„Документот испадна од чантата на Ахмет Булут. Го видов логото на Барселона и не можев да поверувам што се случува. Сакав да го убијам зошто не ми кажал толку долго“, вели турскиот фудбалер.

Арда Туран сепак не се наигра на „Камп Ноу“.

„Не бев тажен кога заминав од Барселона. Мислам дека Валверде не ми даде да играм колку што заслужував. Повеќе асистенции од мене имаа само Меси и Суарез таа сезона, а мојата минутажа беше скромна. Но, тоа е веќе минато“, истакна Туран, кој го чека крајот на јуни за да може да одлучи каде ќе ја продолжи кариерата.

Две сезони беше на позајмица во Башакшехир, но направи и голема глупост, доби суспензија во турскиот шампионат. Сега тоа е минато и се надева на нова блескава сезона откако ќе стави потпис на договор со Галатасарај.

Се вчитува...