Ардијан Нухиу заедно со Шпетим Дуро на клупата на Дрита Гњилане

Поранешниот тренер на Шкупи, Ардијан Нухиу својата тренерска кариера ја продолжува во редовите на косовскиот прволигаш Дрита од Гњилане.

Нухиу се договори со двегодишна соработка со Дрита, како помошник тренер на клупата на косовскиот прволигаш заедно со поранешниот стратег на Шкендија, Шпетим Дуро.

Дуро и Нухиу, согласно потпишаниот договор, во тандем треба да ја водат Дрита Гњилане во следните две години. И двајцата претходно имаат заедничка соработка во Шкендија кога 58-годишниот Шпетим Дуро беше шеф на стручниот штаб на тетовци, а Нухиу беше дел од тимот на „црвено-црните“.

Се вчитува...