Аргентина ја шокираше бледата Хрватска, Унгарија се чекираше во четвртфиналето

Аргнетина ја шокираше Хрватска совладувајќи ја со 23-19. Аргентинците одиграа неверојатен натпревар во одбраната и на Хрватите им дозволија само седум гола. Хрватска сега има тешка задача да се пласира меѓу осумте најдобри бидејќи во последното коло ќе треба да ја совлада Данска. Пизаро со четири гола беше најефикасен кај гаучосите, додека во Хрватска единствен расположен беше Иван Чупиќ со седум гола.

Ракометарите на Унгарија се пласираа меѓу осумте најдобри на шампионатот откако во директен дуел ја совладаа Полска со 30-26. Унгарците уште во првиот дел ги решија сите дилеми околу победникот и на пауза замина со предност од 16-10. Унгарија со победата ја чекираше и Шпанија меѓу осумте најдобри. Лекај со осум гола беше прво име во таборот на победникот, додека Сико со шест гола беше најдобар кај Полјаците.

Се вчитува...