Аргентина „лета“ на крилјата на Лео Меси

Аргентина го осигура првото место во својата група откако „гаучосите“ вечерва славеа со 2- 0 над Австрија, па последната рунда со Јордан ќе биде само рутина за актуелните светски прваци во подготовките за вистинските возбудувања што ќе следат во нокаут фазата. Овој натпревар ќе остане запишан во историјата по Лео Меси, кој токму против Австрија го урна рекордот на Мирослав Клосе станувајќи најдобар стрелец в историјата на фудбалските мундијали.

Лео имаше супер шанса уште на самиот почеток, по досудениот пенал врз Лаутаро Мартинез, но шутираше многу непрецизно, промашувајќи го целиот гол на огромно разоочарување на аргентинските фанови.

„Гаучосите3 продолжија да креираат за својот капитен, кој не реализираше уште две одлични шанси, но потоа конечно биеше прецизно во 38. минута, со маестрален  удар од работ на шеснаесетникот матирајќи го австрискиот голман по асистенцијата на Медина.

На одмор се замина со 1-0, Австрија беше принудена да ја отвори играта, но европската селекција се мачеше да искреира шанса пред голот на Емилијано Мартинез.

Светските шампиони рутински го приведоа мечот до крај, a во последната минута постигнаа и гол за 2-0, повторно преку Лео Меси. Великанот најпрвин го проигра Хулијан Алварез за зицер, неговиот обид беше одбранет, но одбиената топка стигна до Меси, кој од втор обид стигна до погодок за 2-0, негов вкупно 18. на светските првенства, со штп аргентинската легенда е апсолутен мундијалски рекордер.

Се вчитува...