Аргентина прокоцка победа против Колумбија, Бразил сигурен со Парагвај (ВИДЕО)

Aргентина одигра нерешено 2-2 на гостувањето кај Колумбија во квалификациите за Светското првенство 2022 година во Катар.

Гаучосите за само осум минути стигнаа до предност од 0-2 со головите на Ромеро и Пакета. Сепак, во вториот дел Колумбија успеа да се консолидира. Прво преку Муриел во 51. минута намали на 1-2, додека конечните 2-2 ги постави Борха во 94. минута

Бразил славеше над Парагвај со 0-2, а стрелци на головите беа Нејмар во 4. и Пакета во 93. минута.

Во останатите мечеви, Еквадор – Перу 1-2, Венецуела – Уругвај 0-0 и Чиле – Боливија 1-1.

 

 

 

 

Се вчитува...