Аргентински петтолигаш на дресовите носи 50 спонзори

За поголем број клубови најголем проблем е како да се најде спонзор. Но, аргентинскиот петтолигаш АДЦ го реши тоа на паметен начин и на дресот собра дури 50 спонзори. А, заслугата за добриот маркетинг ја има претседателот на клубот, Густаво Гомез.

Тој се надева дека неговиот клуб ќе добие место во Гинисовата книга на рекорди бидејќи АДЦ игра во натпреварување кое е признато од ФИФА.

На фирмите им кажуваме да ни дадат тоа што имаат и зависно од вложувањето им обезбедуваме подобро или полошо место на дресот. Не добиваме секогаш пари. Така, една фирма дури ни подари квадрицикл. Ќе се обидеме да го продадеме“ – вели Гомез.

Минатата сезона АДЦ на дресовите имаше 32 логоа од различни фирми, но претседателот Гомез беше решен на својот тим да му обезбеди повеќе пари, па во паузата меѓу двете сезони најде уште 18 нови спонзори.

Се вчитува...