Динамо Загреб во текот на летово одби неколку понуди за Аријан Адеми, но македонскиот репрезентативец во последниот ден од преодниот рок најверојатно сепак ќе заврши во францускиот шампионат. Лил е клубот што е најупорен во обидот да го доведе Адеми во своите редови, а понудата од 7,5 милиони евра испратена во текот на вчерашниот ден е премногу добра за да биде одбиена, па се очекува Динамо да ја прифати, а нашиот интернационалец дефинитивно да си замине од „Максимир“.
Фактот дека Адеми е повреден и ќе паузира околу еден месец воопшто не е важен за тренерот Кристоф Галтие, кој по секоја цена сака да го види овој фудбалер во Лил. Во прилог на францускиот клуб оди и фактот дека Динамо беше елиминиран од квалификациите за ЛШ, со што се зголемија шансите „модрите“ да дадат зелено светло за заминување на својот капитен.
Аријан Адеми на почетокот од овој месец потпиша нов договор со Динамо за плата од 500.000 евра по сезона, но Лил му нуди најмалку три пати поголема сума (плус бонуси), доволна причина за и македонскиот репрезентативец сериозно да ја разгледа оваа опција.
Преговорите се во завршна фаза, а едно е јасно – мора да завршат до вечерва, кога истекува преодниот рок во Европа.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА