Аријан Адеми пред потпис со Ујпешт

Поранешниот македонски репрезентативец Аријан Адеми, дефинитивно го напушта Динамо Загреб во овој предоен рок. Според хрватските медиуми, тој треба да го комплетира својот трансфер во унгарскиот тим Ујпешт.

Иако беше најавено прво дека ќе продолжи во Марибор, а потоа и во Локомотива, сепак, тој најверојатно ќе ја напушти Хрватска и ќе игра во првенството на Унгарија.

Адеми е вториот од македонските интернационалци кои го напуштаат Динамо ова лето. Претходно истото го стори Стефан Ристовски, а за него се заинтересирани турски клубови, како и тимови од ОАЕ, и наскоро ќе се знае каде ќе ја продолжи кариерата.

Се вчитува...