„Арогантни и без почит“ – државен кинески напад на Манчестер Сити

Манчестер Сити се најде во центарот на дипломатски скандал откако државната кинеска агенција го напрече премиерлигашкиот шампион „без почит“ и „арогантен“.

Во специјален текст посветен на турнејата на Манчестер Сити во Кина за „Трофејот на Азија“, државната агенција Ксинхуа го обвини Сити дека допатувал во Кина само поради парите.

Во текстот со наслов „Невозвратената љубов на конеските фанови“ се вели дека Пеп Гвардиола и неговите фудбалери воопшто не комуницирале со локалните обожаватели, особено не на начин како што тоа го правеле играчите и тренерите на Вулверхемптон, Вест Хем  и на Њукасл.

Ваквиот напад се смета за голем срам на сопствеништвото на Манчестер Сити, особено шеикот Мансур кој пред извсно време продаде дел од клубот на „Chinese Media Capital“.

 

 

Се вчитува...