Арсенал ангажира психијатар за фудбалерите да ги надминат менталните слабости

Арсенал нема титула во Премиер – лигата повеќе од една деценија и иако речиси секоја година е при врвот, никако не може да ја надмине бариерата за повторно да го освои драгоцениот трофеј. Постојано се меѓу четирите најдобри екипи, но „топчиите“ секоја наредна година повторно се лизгаат во трката за шампионската титула. За фудбалерите да ги надминат менталните слабости, раководството на клубот одлучи да ангажира психијатар.

Во Арсенал ќе работи д-р Чери Еванс, спортски психијатар кој работел со рагби селекцијата на Нов Зеланд, и е многу успешен во својата област. Тој треба да работи на подобрување на концентрацијата на фудбалерите во текот на натпреварот, како и на зголемување на нивната самодоверба.

 

Се вчитува...