Арсенал ќе биде новиот шампион на Премиерлигата, вели прогнозата на суперкомпјутер кој се бави во анализа на настаните во елитното англиско фудбалско натпреварување. Тимот од северен Лондон на десет кола пред крајот на првенството има осум бода предност пред Манчестер Сити, но и натпревар повеќе.
Во прогнозата на суперкомпјутерoт се земени во предвид аналитички податоци како очекувања за постигнати голови и асистенции и по 100 илјади симулации резултатот е дека „топчиите“ ќе ја завршат сезоната со 95 бодови, пет бодови повеќе од „граѓаните“.
Не се очекува ни неизвесна завршница бидејќи за титула на Арсенал му се потребни победи во пет натпревари. Доколку се остварат прогнозите на суперкомпјутерот тоа ќе биде 14 титула за Арсенал, прва по 2004 година.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА