Арсенал донесе одлука – Артета останува на клупата

Микел Артета ќе остане на клупата на Арсенал и за наредната натпреварувачка сезона и покрај слабите игри и резултати на „топчиите“ во изминатите месеци. Лондонскиот клуб повторно е предалеку од врвот во Премиер-лигата, за разлика од лани не успеа да стигне ниту до пехарот во ФА Купот на Англија, а последната шанса за трофеј ја пропушти по елиминацијата од Вилјареал во полуфиналето од Лигата на Европа.

Дел од медиумите најавуваа нова тренерска смена во Арсенал, но челниците на клубот решија дека е потребна поголема стабилност наместо носење на нови менаџери речиси секоја година. Поради ова, на Шпанецот му е соопштено дека ќе остане на чело на клубот без оглед на резултатите на преостанатите натпревари сезонава, а веќе се прават и првите потези во пресрет на отворањето на преодниот рок.

Артета дал зелено светло на одлуката на управата да не му биде продолжен договорот на Давид Луиз, по што Бразилецот летово ќе си замине од „Емирати“. Приоритет ќе биде доведување на нов централен дефанзивец, но и на квалитетен играч за врска кој би го заменил Одегард, кој ќе се врати назад по позајмицата од Реал Мадрид. Главна желба на Артета е младиот Французин Камавинга, кој ќе биде достапен од Реал Мадрид за 50 милиони евра.

Се вчитува...