Арсенал е амбициозен – со сите сили по Рахим Стерлинг

Раководството на Арсенал е решено за посериозни инвестиции во играчкиот кадар во претстојниот преоден рок, а на врвот на листата со желби се наоѓа Рахим Стерлинг од Манчестер Сити. Микел Артета е свесен дека во тимот мора да доведе играчи кои знаат како се освојуваат трофеи доколку сака да го приближи Арсенал до врвот на англискиот фудбал, поради што веќе побарал од управата да почне преговори со Сити за ангажманот на Стерлинг.

Англискиот репрезентативец долго време беше незаменлив во напаѓачкото трио на „граѓаните“, но како што одминуваше сезоната, така тој се повеќе време минуваше на клупата за резерви. Стерлинг ги мина клучните средби од ЛШ како резерва на младиот Фоден, што е јасна порака дека Гвардиола веќе не гледа на него како на стандарден првотимец.

Екс-фудбалерот на Ливерпул зема плата од 250.000 фунти неделно во Манчестер Сити, па јасно е дека „граѓаните“ се подготвени да го продадат и да се ослободат од овие давачки кон фудбалерот кој веќе не е стандарден првотимец. Британските медиуми најавуваат дека Арсенал е подготвен да ја покрие платата на Стерлинг, исто така да му даде и богат бонус за потпис на договорот, се со цел да го убеди офанзивецот да се приклучи на тимот кој долги години не е дел од самиот врв на англискиот фудбал.

Се вчитува...