Арсенал е ептен страшен, Тотенхем демолиран за едно полувреме (видео)

Арсенал уште еднаш покажа дека е решен сериозно да го предизвика Манчестер Сити за титулата до самиот крај на сезоната откако „топчиите“ одиграа неверојатно прво полувреме на гостувањето против Тотенхем, поведувајќи со 0-3 против омразениот лондонски ривал.

Реализацијата на шансите е клучен фактор во ова прво полувреме ако се знае дека Тотенхем имаше две третини од поседот на топката, но избраниците на Артета за разлика од домаќините знаеја како да ги искористат своите шанси.

Првиот погодок за Арсенал всушност беше автогол, откако Хојбјерг реагираше несмасно по корнерот на Сака и ја затресе сопствената мрежа. При 0-1 Тотенхем имаше две одлични шанси, при првата Ромеро од три метри биеше во дирекот, додека во втората Ван де Вен постигна гол што со ВАР беше поништен поради минимален офсајд.

Казната стигна на спротивната страна, најпрвин Сака круниса еден одличен контранапад за предност од 0-2, пред Каи Хаверц да зголеми на 0-3 по корнерот на Деклан Рајс.

Тотенхем во 45. минута создаде уште една стопроцентна шанса, но Сон од идеална позиција шутираше високо над гредата.

Се вчитува...