Арсенал го купува Кингсли Коман за 50 милиони евра

Англискиот премиерлигаш Арсенал сака да го ангажира францускиот интернационалец Кингсли Коман од Баерн Минхен и подготвен е да плати 50 милиони евра, откриваат медиумите на Островот. Тој поради повреда не беше во селекцијата на Франција која ја освои светската титула во Русија, но Унаи Емери смета дека би бил одлично засилување за навалната линија на „топчиите“.

Поранешниот фудбалер на ПСЖ и на Јувентус, пропушти поголем дел од сезоната, а се врати за финалето на Купот на Германија кое баварскиот тим го загуби од Ајнтрахт Франкфурт. Токму Нико Ковач, поранешниот стратег на Ајнтрахт, го презеде кормилото на Баерн Минхен и ќе треба да одлучи дали да ја прифати понудата на Арсенал за 22-годишниот крилен играч.

Се вчитува...