Арсенал го претстави дресот за новата сезона и реши да го смени грбот (ФОТО)

Арсенал оваа сезона играше променливо во Премиер лигата, па повторно ги разочара фановите. Се чини дека тимот на Артета е веќе со мислите кон следните предизвици и новата сезона, па челниците на „топџиите“ веќе ги стартуваа промените, а една од нив е промената на традиционалниот грб кој се наоѓа на дресот.

Арсенал успеа да се пласира во полуфиналето од Европската лига и беше многу близу до пласман во финалето на ова натпреварување, но на крајот Виилјареал успеа да обезбеди билет за пласман во финале.

Во домашното првенство, Арсенал се наоѓа на средината на табелата, што секако е голем неуспех за клубот од Емирати. „Топџиите“ се очекува да направат големи промени во играчкиот кадар на лето за да се обидат да го вратат клубот на самиот врв.

Се чини дека промените веќе започнаа бидејќи Арсенал ги претстави новите дресови со кои ќе играат на гостински терен. Ова е втор сет на дресови за следната сезона, но она што најмногу ги изненади навивачите е тоа што клубот го смени грбот на овие дресови. Не постои стандарден грб на Арсенал, туку само топ, кој е симбол на овој клуб.

 

 

 

 

Се вчитува...