Арсенал го продава Кристијан Норгард кој треба да стане нов играч на Евертон, вториот по големина клуб во Ливерпул.
Арсенал ќе заработи околу осум милиони евра, а играчот од средниот ред ќе биде подложен на лекарски прегледи следната недела пред официјализација на трансферот.
32-годишниот Данец пристигна во Арсенал минатото лето за 11,6 милиони евра, но не успеа да се избори за посериозна минутажа.
Одигра вкупно 20 натпревари, но само 1047 минути, кои ги искористи за две асистенции.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
