Арсенал го совлада Лутон и ќе преноќи на врвот на табелата во Англија (ВИДЕО)

Фудбалерите на Арсенал стигнаа до рутински триумф над Лутон од 2-0 на домашен терен во натпревар од 31. коло во англиската Премиерлига.

Домаќините поведоа со 1-0 со погодокот на Мартин Одегард во 24. минута. Со автоголот на фудбалерот на гостите Хашиока во 44. минута беа поставени конечните 2-0.

Арсенал со оваа победа ќе преноќи на врвот во Премиерлигата со бод повеќе од Ливерпул, кој утре игра домашен меч со Шефилд јунајтед.

Arsenal [1] – 0 Luton Town – Martin Odegaard 24‎’‎
byu/ganiganiu insoccer

Arsenal [2] – 0 Luton Town – Daiki Hashioka (own goal) 44‎’‎
byu/ganiganiu insoccer

Во вториот натпревар од 20.30 часот Брентфорд и Брајтон одиграа без голови 0-0.

Standings provided by Sofascore

 

Се вчитува...