Арсенал веќе го насочил вниманието кон нова трансфер цел, откако остана без можноста да го ангажира Винисиус Жуниор. Според англиските медиуми, на врвот на листата на желби на „топчиите“ сега се наоѓа сенегалскиот репрезентативец Илиман Ндиаје.
Наводно, лондонскиот клуб веќе испратил официјално барање до Евертон и сега се очекува одговор од раководството на „карамелите“.
Ндиаје во последните денови се поврзува со неколку клубови, но Арсенал е најсериозниот кандидат за неговиот потпис. Дополнителен сигнал дека трансферот е можен е фактот што 25-годишниот офанзивец одбил да го продолжи договорот со Евертон, со што јасно ставил до знаење дека сака нов предизвик.
Иако актуелниот договор на Ндиаје e до летото 2029 година, Евертон е подготвен да преговара доколку добие понуда од околу 90 милиони евра, сума што клубот ја смета за соодветна.
Во изминатата сезона, сенегалскиот репрезентативец одигра 32 натпревари во Премиер лигата, постигна шест голови и запиша три асистенции, играјќи на повеќе офанзивни позиции.
Пред да пристигне во Евертон, Ндиаје настапуваше за Шефилд Јунајтед и Олимпик Марсеј. На неодамна завршеното Светско првенство со репрезентацијата на Сенегал одигра три натпревари, постигна еден гол и забележа две асистенции.
Арсенал се надева дека токму Ндиаје ќе биде едно од клучните засилувања во нападот пред почетокот на новата сезона.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
