Арсенал му плати на Обамејанг да биде слободен

Арсенал му го раскина договорот на Пјер-Емерик Обамејанг, само да се ослободи од него, и овој да оди во Барселона. Според информациите, за да се реализира трансферот, Габонецот брал да биде исплатен од страна на „топчиите“, што на крај се согласиле од лондонскиот клуб.

Имено, според информациите, Обамејанг ќе биде побогат за 8 милиони евра, за да добие раскин на договорот 18 месеци порано. Тренерот Артета го отпиша напаѓачот уште во декември поради кршење на дисциплинскиот правилник на клубот.

Обамејанг пред неколку дена стана нов член на Барселона. Инаку во Арсенал заработуваше 350.000 фунти неделно, нешто за кое може само да „сонува“ сега на „Ноу Камп“.

Се вчитува...