Лено го избра Арсенал пред Наполи

Англискиот премиерлигаш Арсенал излезе како победник од трката по Бернд Лено, иако се чинеше дека германскиот голман својата кариера ќе ја продолжи во Наполи. Чуварот на мрежата на Баер Леверкузен веќе најави заминување од Бундес-лигата, во меѓувреме „фармацевтите“ го доведоа Лукас Храдецки како негова замена, а Лено од неколкуте понуди ја избра онаа на „топчиите“.

Британските медиуми објавија дека Лено веќе ги договорил личните услови со лондонскиот премиерлигаш, a Арсенал веќе испратил понуда од 20 милиони фунти, за трансферот да биде комплетиран што поскоро. Лено доаѓа на инсистирање на новиот тренер Унаи Емери и сигурно ќе ја има улогата на прв голман, што ќе значи заминување од таборот на Арсенал на ветеранот Петр Чех.

Ова е нов сериозен проблем за Карло Анчелоти, откако новиот тренер на Наполи претходно ја загуби и трката по Руи Патрисио. Само за потсетување, првиот голман на Наполи, Пепе Реина, веќе си договори трансфер во редовите на Милан за наредната сезона.

Се вчитува...