Арсенал има чудо од дете, со само 16 години испиша историја

Арсенал рутински обезбеди пласман во осминафиналето на Лига купот, а фановните и јавноста се воодушевени од младиот Макс Дауман.

Менаџерот Микел Артета, во почетниот тим го стави 16-годишниот Дауман, а младиот фудбалер на најдобар можен начин возврати за довербата.

Дауман постигна два гола и испиша историја.

Тој со 16 години и 258 дена, стана вториот најмлад фудбалер кој постигнал гол во Лига купот. Интересно е што најмладиот играч исто така го носел дресот на Арсенал. во 2003 година, со 16 години и 212 дена, Францеск Фабрегас му даде гол на Вулверхамптон.

 

 

Дауман стана и само вториот фудбалер кој со 16 години постигнал два гола за премиерлигашки тим во сите конкуренции. Пред него, тоа му успеа само на Вејн Руни кој во октомври 2002 година како играч на Евертон му даде два гола на Рексам, исто така во Лига купот.

 

 

Се вчитува...