Арсенал ја освои ЛШ, ама за жени (видео)

Навивачите на Арсенал предолго чекаат нивниот клуб да освои некој позначаен трофеј, па останаа разочарани откако „топчиите“ повторно завршија втори во Премиер-лигата, а беа елиминирани и во полуфиналето од ЛШ од тимот на ПСЖ.

Сепак, Арсенал на крајот на оваа натпреварувачка сезона има и причина за славје, откако женскиот тим на овој лондонски клуб се закити со титулата европски првак. Во финалето одиграно во Брага фудбалерките на Арсенал за противник ја имаа Барселона, по голема битка славејќи со минимални 1-0.

Каталонките како двократни европски шампионки беа фаворитки во ова финале, но Арсенал најпрвин успеа да ги запре, а потоа со голот на Стина Блекстениус во второто полувреме и стигна до триумфот и до големиот трофеј.

Се вчитува...