Арсенал ќе го продава Габриел Жесус

Габриел Жесус престојното лето ќе замине од Арсенал, пренесуваат англиските медиуми. Бразилскиот напаѓач не ги исполни очекувањата на раководстото на тимот по 50-милионскиот трансфер од Манчестер Сити.

Во тоа го спречија честите повреди поради кои тренерот Микел Аретата често мораше да најде алтернатива во нападот, а од следната сезона се очекува неговото место да биде пополнето од нов врвен напаѓач за чиј трансфер ќе биде собрана сума токму од заминувањето на Жесус.

Бразилецот оваа сезона настапи на 33 натпревари и постигна осум голови. Пред трансферот во Арсенал од Манчестер Сити настапуваше и за Палмеирас.

Се вчитува...