Рома со две засилувања од Премиер-лигата

Рома заврши голема работа со новиот договор што го потпиша Един Џеко, но сега управата на „волчицата“ е сконцентрирана кон засилување на одбранбената линија. По пропаднатиот трансфер на Дејан Ловрен, римскиот клуб успеа да договори две засилувања од Премиер-лигата, и тоа Шкодран Мустафи од Арсенал и Давиде Запакоста од Челси.

Италијанските медиуми објавија дека Арсенал и Рома постигнале договор за германскиот интернационалец Шкодран Мустафи. Двата клуба се договориле на едногодишна позајмица, а „волчицата“ ќе има опција да го откупи светскиот шампион од 2014 година за сума од 25 милиони евра.

На позајмица на една година ќе пристигне и Запакоста, кој се враќа назад во „Серија А“ откако не се снајде најдобро во Челси. Френк Лампард не сметаше на овој фудбалер исто како и Сари минатата сезона, па Запакоста ќе се обиде со камбек во Италија да се врати во посакуваната форма.

 

Се вчитува...