Арсенал лесно го совлада нисколигашот Сатон во ФА Купот на Англија

Арсенал дојде кај нисколигашот Сатон во јужен Лондон и им приреди шоу на локалните навивачи, а триумфот (0-2) го обезбеди со головите на Лукас Перез во 26.минута и на Тео Волкот во 55.минута. Тоа беше погодок број 100 за Волкот во дресот на „топчиите“.

Во вториот дел, Арсен Венгер на теренот го внесе и својот најдобар фудбалер Алексис Санчез за претставата за домашните фанови да биде комплетна. „Топчиите“ се пласираа во следната рунда од ФА Купот каде исто така ги очекува лесен ривал, нисколигашот Линколн, кој направи сензација елиминирајќи го Барнли.

Lucas Perez Goal HD – Sutton 0-1 Arsenal 20.02… by dailyfootballkickTheo Walcott Goal HD – Sutton 0-2 Arsenal 20… by denysenathan

Се вчитува...