Арсенал летово не успеа со Винисиус, сега планира да тргне по потпис со друга ѕвезда на Реал

Англискиот шампион во летниот преоден рок се обиде да дојде до потписот на Винисиус жуниор но доби корпа, а сега се подготвува да тргне по друга ѕвезда на Реал Мадрид.

Англиските медиуми пишуваат дека менаџерот на Арсенал, Микел Артета, во желбата да ја засили конкуренцијата во нападот, сака да го ангажира Родриго.

Според „Тимток“, управата на Арсенал стапила во контакт со челниците на Реал Мадрид, во обид да дознаат дали е можно да го реализираат трансферот на Родриго во зимскиот преоден рок.

Бразилецот моментно е надвор од терените поради повреда на коленото и неговото враќање се очекува да биде во декември.

Договорот на Родриго со Реал Мадрид истекува 2028 година, а од неговото доаѓање на „Сантијаго Бернабеу“ во 2019 година, досега постигна 71 гол и има 57 асистенции.

Се вчитува...