Арсенал му нуди договор на Одегар до крајот на кариерата

Лидерот во Премиер лигата, Арсенал, му понуди нов договор на Мартин Одегард  до 2030 година. Англиските медиуми пренесуваат дека челниците на лондонскиот клуб се презадоволни од настапите на норвешкиот репрезентативец и сакаат да ја продолжат соработката буквално до крајот на неговата кариера.

Според англиските медиуми Арсенал му нуди на Одегард договор до 2030 година. Норвежанецот има 24 години, што значи дека доколку ја прифати понудата би останал во Лондон до крајот на кариерата.

Одегард дојде во Арсенал во 2021 година од Реал Мадрид, неговиот актуелен договор е до јуни 2025 година. Тој оваа сезона одигра 35 натпревари за „топчиите“ во сите натпреварувања, постигнувајќи 10 гола и забележа седум асистенции.

Се вчитува...