Арсенал не се откажува од титула: Тросар донесе три бода на „Олд Трафорд“

Арсенал ја продолжи битката за титула во Премиерлигата откако во дербито на 37. коло славеше на гостувањето кај Манчестер Јунајтед на „Олд Трафорд“ со 0-1.

Стрелецот на победоносниот гол за „топчиите“ беше Тросар кој во 20. минута по одлично додавање на Хаверц во шестнаестникот ја затресе мрежата на Онана.

На коло до крај Арсенал има предност од еден бод пред Манчестер Сити на врвот на табелата, но и натпревар повеќе во однос на „граѓаните“. Манчестер Јунајтед пак испушти нови значајни бодови во битката за европска есен во сезоната 2024/25.

Standings provided by Sofascore

Се вчитува...