Арсенал, неочекувано, се вклучи во трката за Ромеро

Арсенал неочекувано се вклучи во трката за капитенот на Тотенхем, Кристијан Ромеро, пренесува „Атлетик“.

Според информациите, „топчиите“ веќе стапиле во контакт со агентот на аргентинскиот стопер за да се информираат за неговите услови и можен трансфер. Сепак, Тотенхем тешко дека ќе биде подготвен да го продаде својот капитен на најголемиот ривал од северен Лондон.

Ромеро речиси сигурно ќе ги напушти „спарси“ ова лето, а најголем фаворит за неговиот потпис останува Атлетико Мадрид. Интерес покажува и италијанскиот шампион Интер, кој, според извештаите, постигнал договор со Тотенхем за обештетување од 34 милиони фунти. Сепак, миланскиот клуб не успеал да го убеди самиот фудбалер, кој преферира да работи под водство на својот сонародник Диего Симеоне во Атлетико.

Во моментов, шпанскиот клуб сè уште нема испратено официјална понуда, бидејќи најпрво треба да реализира неколку излезни трансфери.

Арсенал, пак, активно бара нов централен дефанзивец поради повредата на Вилијам Салиба, кој ќе отсуствува неколку месеци откако се повреди за време на Светското првенство во 2026 година. Во изминатите денови се појавија информации дека лондонскиот клуб подготвува понуда и за дефанзивецот на Астон Вила, Езери Конса.

Се вчитува...