Арсенал остана без Парти до крајот на сезоната

Томас Парти, играчот од средниот ред на Арсенал, ќе паузира до крајот на оваа сезона, во која лондонскиот клуб се бори да обезбеди место во Лигата на шампионите идната сезона.

Репрезентативецот на Гана е надвор од тренажен процес веќе извесно време, откако пред две недели се повреди на дуелот со Кристал Палас. Тој го повреди бутниот мускул, а сега прегледите покажаа дека следува пауза

Арсенал е петтопласиран на табелата во Премиер лигата со 54 бодови, три помалку од четвртопласираниот Тотенхем, кој има одиграно натпревар повеќе.

Се вчитува...