Арсенал остана во трка за титула, тонењето на Челси не запира (ВИДЕО)

Екипата на Челси и натаму е во агонија, откако денеска на „Емирати“ загуби од Арсенал со 3-1. Неславната епизода на Френк Лампард на клупата на „сините“ и натаму продолжува, со шестиот пораз по ред и катастрофален учинок, со што тимот од Стемфорд Бриџ влегува во опасност и за испаѓање.

Арсенал, пак, ја прекина серијата на четири меча без победа, и така ја продолжува трката за титулата. Победникот „топчиите“ го решија уште во првиот дел кога Одегард погоди два пати во 18. и во 31. минута, а Жезус во 34. минута донесе 3-0.

Челзи со првиот гол на Мадуеке само успеа да намали, но недоволно да направи нешто повеќе од овој меч од кој излегува со нов пораз, и покрај тоа што за потсетување дека потроши повеќе од 200 милиони евра за засилувања во зимскиот преоден рок.

Се вчитува...