Арсенал победи во Њукасл и ја продолжи трката за титула (ВИДЕО)

Ако на некој меч се очекуваше можеби Арсенал да „киксне“, тоа беше денешниот против Њукасл, кој е во одлична позиција да избори место во ЛШ. Меѓутоа „топчиите“ покажаа дека се во форма, и успеаја да го добијат овој меч, и со тоа да ја продолжат трката за титулата со Манчестер Сити.

Одегард во 14. минута успеа да погоди по асистенција на Жоргињо. Во 72. минута Шeр си постигна автогол за предност од 2-0, и победа на избраниците на Микел Артета.

Арсенал му се доближи на Сити на еден бод, но лидерот има и натпревар помалку од својот ривал.

Се вчитува...