Арсенал со гол со рака поведе против Хал (видео)

Арсен Венгер често вината за слабите резултати на Арсенал ја бара кај судиите, но лондонскиот клуб овојпат имаше директна помош од арбитрите откако водечкиот гол против Хал беше постигнат со рака од страна на Алексис Санчез.

Чилеанецот се најде на вистинското место и од еден метра тргна да шутира кон мрежата, топката ја удри гостинскиот голман, по што таа се одби од раката на Алексис и заврши во мрежата. Гостите протестираа барајќи голот да се поништи, но Марк Клатенбург очигледно немаше најдобар преглед на ситуацијата, па покажа кон центарот.

zzxxxxzz by Amo_Futbol_Vivo

Се вчитува...