Арсенал во финишот го урна отпорот на Кристал Палас (ВИДЕО)

Арсенал славеше со 1-3 на гостувањето кај Кристал Палас во натпревар од 37. коло во англиската Премиер-лига. Гостите поведоа со голот на Николас Пепе во 35. минута. Бентеке во 62. израмни на 1-1. Ново водство за гостите донесе Мартинели во 91, додека конечните 1-3 ги постави Пепе во 95.

Со овој триумф „топчиите“ останаа во игра за учество во европските натпреварувања.

 

 

Се вчитува...