Се ближи стартот на новата сезона во Премиер – лигата, а во Арсенал се уште има многу отворени прашања. Од останувањето или заминувањето на Алексис Санчез, па до неколку нови имиња кои се најавуваа дека ќе пристигнат на „Емирати“, но засега речиси ништо не е реализирано. Најновата информација од Италија е дека „топчиите“ се заинтересирани за колумбискиот интернационалец Хуан Квадрадо од италијанскиот првак Јувентус.
„Старата дама“ е согласна да го пушти Квадрадо да си замине, но во замена бара 30 милиони евра. Арсен Венгер не е премногу расположен за да плати голема отштета, но јасно е дека ќе треба да направи уште некој потег на трансфер – пазарот во пресрет на новата сезона. Колумбиецот секако дека би ја прифатил можноста да се врати и да се докаже во Премиер – лигата, каде пред тоа и не се снајде најдобро како член на Челси.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА