Арсенал зеде корона-кредит од државата, а на Озил му плати 350.000 фунти неделно за да не игра

Лондонскиот премиерлигаш Арсенал аплицирал и добил кредит во висина од 120 милиони фунти, како дел од анти-корона програмата на британската влада за помош на компаниите кои имаат потешкотии во рабата поради Covid-19.

Раководството на Арсенал потврди дека ги добило овие средства, кои се краткорочен заем и помагаат за покривање на загубите, поради намалените приходи во периодот на коронавирус.

„Можеме да потврдиме дека ги исполнивме сите критериуми на Банката на Англија, за да земеме кредит во висина од 120 милиони фунти, како помош за покривање на загубите во работењето поради коронавирусот. Ова е чекор што го преземаат бројни индустрии, меѓу нив и спортот, парите ќе бидат добро искористени и ќе почнат да се враќаат од мај 2021 година“, објави Арсенал.

Британската јавност гласно ги критикуваше „топчиите“ за користење на државни пари, во ситуација кога јасно покажаа дека не се способни домаќински да раководат со клубот. Главна причина за критиките е случајот со Месут Озил, кој неделно заработува по 350.000 фунти од Арсенал, а не одигра ниту еден меч за клубот. Згора на тоа, во октомври беа инвестирани 50 милиони евра за ангажман на Томас Парти, а во ноември беше потпишан нов договор со Обамејанг, вреден 250.000 фунти неделно плус бонуси.

„Арсенал не личи на некој кому му требаат пари за да остане во живот, видете само како се расфрлаа со милиони во изминатите месеци“, критикуваат Британците.

Се вчитува...