Арсими со „петарда“ во мрежата на Шкупи

Арсими прокнижи значајни бодови во трката за опстанок откако денеска славеше лесно и убедливо со 5-1 на дуелот на домашен терен против екипата на Шкупи.

Гостите од Чаир веќе подолго време се отпишани без никакви шанси за опстанок, а Арсими го искористи тоа, издоминира во текот на сите 90 минути и заслужено стигна до убедлива победа.

Рамадани и Реџепи донесоа водство од 2-0 по првото полувреме, Шкупи намали на 2-1 на самиот почеток од вториот дел, но Арсими одговори со нови три погодоци во мрежата на гостите, дело на Селмани и Флорен Османи (два).

Standings provided by Sofascore

Се вчитува...