Артета: Борбата за титула повеќе не зависи од нас

Арсенал претрпе болен пораз во 33. коло од Премиерлигата губејќи на домашен терен со 0-2 од Астон Вила која одолеа на налетот на „топчиите“ во првото полувреме, а потоа со два гола во три минути го шокираше „Емирати“.

Тренерот Микел Артета беше видно разочаран од поразот изјавувајќи дека борбата за титула повеќе не зависи од Арсенал кој падна на второто место на табелата зад Манчестер Сити кој има два бода повеќе.

„Повеќе не ја контролираме борбата за титула. Тоа што можеме да го направиме е да работиме на тоа да победуваме. По овој удар потребна ни е реакција“, изјави Артета кој се осврна и кон самиот натпревар.

„Секој чест за Астон Вила, но ние во второто полувеме не бевме прецизни со топката, не бевме способни да ги правиме работите кои ги правевме во првото полувреме. А, на ова ниво кога ќе пропуштите такви шанси, во 90-95 минути ќе се создаде прилика и за противникот да ве казни“

Се вчитува...