Артета го доби првото засилување за следната сезона, веќе тренира со опрема на Арсенал

Еден од клубовите кои се очекува да бидат активни престојното лето е тимот на Арсенал. Оваа сезона екипата се бори за титула, а сака нивото да го задржи и во следните сезони, па јасно е дека ќе треба добро да се засили.

Исто така Арсенал се во игра и за трофејот во Лигата на шампионите, каде после првиот меч со Баерн Минхен имаат 2-2 на домашен терен, и сега им претстои гостување во Минхен.

Еден од оние кои се поврзува со трансфер на „Емирати“ е Ноа Ланг. Играчот беше поврзуван со Арсенал и во 2023 година, но тој се одлучи за ПСВ, а сега Артета го посакува во своите редови. Станува збор за крилен играч, кој ќе ја зголеми конкуренцијата на овие позиции, каде што во моментов дејствуваат Букајо Сака и Габриел Мартинели. Во минатото овиј фудбалер беше дел од Ајакс и од Феенорд.

Дека Ланг веројатно ќе биде дел од Арсенал, потврдува фактот дека додека се наоѓа на рехабилитација од повреда, тој тренира со опрема на Арсенал.

Се вчитува...