Артета: Играчите и натаму веруваат во титула

Ако сака Арсенал да остане во трка за титулата, мора да победуваат на секој следен натпревар до крајот на сезоната. Арсенал во последните четири меча нема победа, загуби од Манчестер Сити, а ремизираше со Ливерпул, Вест Хем и Саутемптон.

„Топчиите“ се на 75 бодови, или еден помалку од Манчестер Сити кој има и натпревар помалку. Победа над Челси ќе ги врати на првото место на табелата

„Мораме да признаеме дека се уште има да се игра и да се одработи доста работа. Мораме да бидеме скромни, да ги препознаеме своите слабости и да работиме да бидеме што подобри. Исто така имаме многу квалитет и работите кои одлично ги работевме во последните 10 месеци. Сега трката за титулата не е во наши раце. Она што можеме е да ги добиваме натпреварите, а се останато зависи од Сити. Не се грижам за натпреварувачкиот ритам на играчите. И натаму имаат желба за победи, и да се натпреваруваат. И натаму играчите веруваат во титула“, изјави Артета.

Се вчитува...